До Аморим било: Шешко со Керик гази - бројките се неспоредливи!
Имено, со Аморим на клупата изгледаше дека Шешко ќе биде големо промашување за „црвените ѓаволи“, а кога дојде Керик ситуацијата целосно се промени. Имено, словенечкиот голгетер под водство на Аморим на 17 натпревари постигна само два гола што сигурно е премалку.
Откако португалскиот стратег замина и Керик го наследи како привремен менаџер, Шешко веќе постигна шест гола и тоа на само седум натпревари.
Но, не само Шешко со Керик и целиот тим на Јунајтед игра подобро, тој од преземемањето на тимот не знае за пораз и Јунајтед сега е четврти со 48 бода, два помалку од Астон вила и три повеќе од Челс ии Ливерпул