Шкендија беше далеку од чудо - со тежок пораз заврши европскиот сон на тетовци! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија беа далеку од некакво чудо и вечерва во Турција против Самсунспор беа поразени со 4-0 со што ја завршија европската епизода.

Јасно беше уште по поразот во Скопје од 1-0 дека пред тетовци е тешка задача, а турскиот состав и денеска беше подобриот тим на теренот. Првите 45 минути мрежите мируваа. Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел кога Нтчам реализираше најстрога казна.

На 20-тина минути пред крајот за Ндиаје се погрижи за 2-0, додека до крајот двапати во листата на стрелци се запиша и Мариус за конечни 4-0.

Шкендија така европската сезона ја завршува во плеј-офото за осминафинале што секако е огромен успех кој донесе бодови и во рангирањето на македонската лига. За избраниците на Јетон Беќири сега до крајот на сезоната останува борбата за врвот во домашното првенство со Вардар и Струга.