По три години отфрлени обвинувањата за силување на францускиот голгетер
Судот ја поништил обвинителната постапка отворена на 3 ноември 2025 година против Бен Једер за силување и обид за силување. Според судот, „нема основа за кривичната постапка да продолжи“, и тоа спротивно на препораките на обвинителството.
Обвинувањата датираат од летото 2023 година, кога браќата Бен Једер запознале две млади девојки во Ница и ги однеле во домот на тогашната ѕвезда на Монако, кој во моментов настапува во редовите на Видад Казабланка од Мароко.
Според обвинителството, тие ги присилиле жените на сексуален однос, додека браќата тврделе дека односот бил со заемна согласност.
Бен Једер пет години го носеше дресот на Монако, а претходно настапуваше и за Тулуз и Севиља. За француската репрезентација одигра 19 натпревари и постигна три гола.
Фото: EPA