Oдигра осум минути, Реал поради него загуби - сега го чека пауза!

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос, заработи нова повреда и ќе мора да паузира околу два месеци.

Тренерот Алваро Арбелоа во саботата му даде шанса, но Себаљос не ја искористи на најдобар можен начин. Во самиот финиш од натпреварот беше главен виновник за вториот гол на Осасуна, откако испрати лош повратен пас кон Асенсио. Во продолжението на акцијата Моро го проигра Раул Гарсија, кој ги постави конечните 2-1.

По мечот, Себаљос на Инстаграм објави фотографија со порака дека ја презема одговорноста за поразот, но само еден ден подоцна пристигнаа уште една лоша вест за него.

Шпанецот се здобил со повреда на листот, иако на теренот влезе дури во 82. минута како замена за Арда Ѓулер. Од клубот не прецизираа колку ќе трае рехабилитацијата, но според шпанските медиуми тоа ќе биде околу два месеци.

Тоа значи дека на теренот би се вратил дури во втората половина на април и ќе пропушти серија важни натпревари, меѓу кои и реваншот со Бенфика, како и евентуалните средби во осминафиналето и четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Сепак, реалноста е дека Себаљос и онака немаше значајна минутажа сезонава, со оглед на тоа што пред него во ротацијата се Чуамени, Камавинга, Валверде и Арда Ѓулер.