Вардар доби засилување: Воркапиќ потпиша до 2028 година!
Воркапиќ е искусно десно крило, кое доаѓа од Војводина, а со Вардар потпиша договор до 2028 година.
Српскиот репрезентативец во текот на кариерата играше и за Металопластика од Шабац и францускиот тим Иври.
Искусниот ракометар настапи на минатото Европско првенство (ЕП) и постигна шест голови за Србија.
„Воркапиќ е сега официјално регистриран и може да настапува за РК Вардар и со нетрпение го очекуваме неговиот придонес во продолжението од сезоната и во европските предизвици“, соопшти Вардар.
Србинот првично требаше да пристигне кај „црвено-црните“ на крајот на сезоната, меѓутоа Вардар успеа да се договори со Војводина и веднаш да добие засилување на крилната позиција.