Реал Мадрид за малку ќе го купел фудбалерот кој го навреди Винисиус

Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани е во центар на внимание по инцидентот со Винисиус Жуниор во Лисабон во Лигата на шампиони (ЛШ), а сега се појави интересна приказна дека Реал Мадрид во минатото бил блиску до потпис со него.

Престијани во 2023 година бил голема желба на „кралевите“ во зимскиот преоден рок и за малку не потпишал со шпанскиот гигант.

Освен Реал Мадрид, заинтересирана била и Барселона која го сакала тогашниот фудбалер на Велез Сарсфилд.