„Косово е Србија“ ечи во Лил пред мечот на Црвена Звезда (ВИДЕО)

Црвена Звезда гостува во Лил во плејофот на Лига Европа, а на стадионот „Пјер Мороа“ се очекуваат околу 2.000 навивачи на српскиот фудбалски гигант.

„Делии“ пристигнаа во францускиот град, а веднаш привлекоа внимание откако почнаа да скандираат „Косово е Србија“.