Навивачи на Самсунспор го „окупираа“ Скопје - нивната песна ечи во Чаршија (ВИДЕО)

Вечерва со почеток од 21 часот Шкендија го пречекува Самсунспор во првиот плејоф меч од Конференциската лига, турскиот тим ќе има поддршка и од своите навивачи кои веќе се шетаат низ Скопје.

Како што и претходно беше најавено, фанови на Самсунспор ќе бидат присутни на вечерашниот натпревар. Тие веќе се загреваат. Се шетаат низ скопската чаршија, пеат, се сликаат...

Засега нивното присуство поминува без инциденти.