Родителите на Престијани загрижени за својот син допатувале во Лисабон!
Португалските медиуми сега пишуваат дека семејството на Престијани, вклучувајќи ги и неговите родители, денеска пристигнале во Лисабон.
Тие се загрижени за ситуацијата на нивниот син кој добива закани, пред се од навивачи на Реал Мадрид.
Наспроти тврдењаа на фудбалеите на Реал Мадрид, Престијани негираше дека расистички го навредил Винисиус.
Ситуацијата е тешка за докажување бидејќи Аргентинецот со дресот ја покри устата, а потоа ги изговори зборовите кои го „запалија“ Винисиус.