Најлуда завршница на натпревар во лизгање, ова е - невидено досега! (ВИДЕО)
Ова се случи во четвртфиналето на шорт-трик трка. Прв целта ја мина натпреварувачот на Казахстан, Абзал Ажгалиев кој само ја искористи ситуацијата која се случи пред него.
Во самиот финиш ривалите пред него се судрија, а единствениот кој остана во конкуренција беше италијанскиот лизгач кој ја загуби контролата и почна да лизга наназад.
Малку му фалеше на Италијанецот да мине прв, сепак Ажгалиев ни крив ни должен победи на трката.