ФИФА ќе воведе ново правило поради скандалот во Лисабон (ФОТО)

Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши да реагира по скандалот во Лисабон, кога Винисиус Жуниор го обвини Џанлука Престијани дека му упатил расистички навреди.

Реал Мадрид испрати докази до Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и побара казна за Аргентинецот, а во меѓувреме ФИФА реши да закаже состанок на кој треба да се донесе важна одлука за ново правило.

„Скај Спортс“ објави дека ФИФА планира да воведе правило според кое фудбалерите ќе бидат санкционирани доколку намерно ја прекријат устата во моменти кога имаат вербална караница со противник.