Познат составот на Шкендија за мечот против Самсунспор (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Шкендија вечерва од 21 часот ќе се соочи против Самсунспор на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, а двете екипи ги објавија составите пред пресметката.

Тренерот Јетон Беќири не правеше експерименти, односно на теренот ќе излезе со проверен тим со кој ќе се обиде да излезе како победник од дуелот со Самсунспор.

Дуелот меѓу двете екипи почнува вечерва од 21 часот во Скопје.