Фуксе Берлин подобар од Динамо, Кјелце по драма го победи Веспрем
Првото полувреме меѓу Кјелце и Веспрем понуди голем број погодоци, а унгарскиот тим замина на паузата со водство од 19-17.
Кјелце притисна на стартот на вториот дел и израмни на 22-22, но Веспрем повторно ја врати предноста (28-26). Следеше вистинска драма во завршницата од дуелот, а на крајот триумфира екипата од Полска со 36-35.
Алекс Душебаев и Пјотр Адам Јарошевич постигнаа по шест голови за Кјелце, додека Ахмед Хешам погоди девет пати за Веспрем.
Динамо Букурешт понуди отпор против Фуксе Берлин во првиот дел (12-13), но потоа германскиот гигант ја презема контролата и успеа да слави со 27-21. Матијас Гидсел постигна осум голови за победничкиот тим, додека Бранко Вујовиќ со пет погодоци беше најефикасен кај поразената екипа.
Фото: Facebook/Industria Kielce