На англиска актерка ѝ нуделе богатство за да му го уништи животот на Роналдо

Популарната водителка и актерка, Џема Еткинсон повторно е во центар на внимание откако откри шокантни детали од периодот кога била во љубовна врска со Кристијано Роналдо.

Еткинсон и Роналдо беа во кратка љубовна романса во 2007 година, а актерката сега открива дека ѝ нуделе богатство за да му го уништи животот на португалскиот фудбалер.

„Кога се разделивме, ми нудеа голема сума на пари за да зборувам лошо за него. Не сакав да го направам тоа затоа што немав ниту една негативна работа што би ја кажала. Немав причина зошто да зборувам лошо за некој кој беше коректен кон мене. Роналдо беше џентлмен и ме почитуваме. Медиумите очајно сакаа да раскажам нешто што не е вистина“, открива Еткинсон.

Фото: Al Nassr/Facebook