Винисиус дури 26 пати бил расистички навредуван во Шпанија!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е во центарот на вниманието поради инцидентот кој се случи во Лисабон на мечот со Бенфика.

Винисиус веројатно расистички беше навреден од Пристијани, но ова за него е само еден од низата инциденти.

Фудбалерот на Реал Мадрид е познат како најголемиот провокатор во Ла Лига, па важи за најомразениот фудбалер меѓу противничките навивачи. 

Неговото проблематично однесување не може да биде изговор за расистичките навреди кои ги трпи, но факт е дека токму тоа е причината поради која е навредуван.

Информациите од Ла Лига велат дека Винисиус дури 26 пати бил расистички навредуван, на вкупно 10 стадиони.