Арсенал за 15 минути му даде четири гола на Виган и без мака мина во следното коло! (ВИДЕО)
Четирите гола Арсенал ги постигна во период од 16 минути.
Резултатот го отвори Мадуеке со гол во 11. минута од натпреварот, а го затвори Габриел Жесус со погодок во 27. минута.
Меѓу овие два погодока паднаа уште два, едниот на Мартинели во 18. минута, а другиот беше автогол на Хант во 23. минута.
Откако постигна четири гола и го реши прашањето околу победникот, Арсенал ја тргна ногата од педалата за гас, го намали темпото и рутински го одржа водството.