Миовски од клупа го следеше дербито, Мато доби само три минути!
Во еден момент од сезоната предноста на Хартс на врвот во Шкотска изгледаше убедлива, но во последно време таа почна да се топи до степен што Ренџерс дојде на само минус два, а Селтик може и да се израмни на врвот бидејќи има -3 и меч помалку.
Денеска Хартс двапати водеше на гостувањето кај Ренџерс, но на крајот загуби со 4-2. Херој на домаќините беше Чермити кој постигна хет-трик.
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски остана на клупата за резерви, а на спротивната страна доскорешниот играч на Вардар, Роџерс Мато во игра влезе во 87. минута, но не успеа да направи ништо посебно.