Некогашна надежна тенисерка ја заврши кариерата на 25 години, па порача: Еб*те се сите! (ФОТО)

Дестани Ајарва некогаш беше прогласена за голем тениски талент, со проектирана иднина меѓу првите 10 во светот, но многу работи потоа ѝ застанаа на патот.

Сега, на само 25 години, таа објави дека ова ќе биде нејзината последна професионална сезона. И тоа на каков начин... Таа само еднаш стигна до второто коло на Гренд слем турнир, нејзиниот највисок ранг во сингл е 147. место, а моментално е 321. позиција на ВТА листата.

„Сакам да кажам едно огромно „еб*те се“ на сите во тениската заедница кои некогаш ме натерале да се чувствувам помалку вредна. „Еб*те се“ на секој коцкар кој ми испратил пораки полни со омраза или закани со смрт. „еб*те се“ на луѓето кои седат зад екраните на социјалните медиуми и коментираат за моето тело, мојата кариера или сè друго што сакаат да го критикуваат.

 

 

И „е*и се“ на спортот што се крие зад таканаречената елеганција и џентлменски вредности. Зад белата облека и традиција стои култура која е расистичка, мизогена, хомофобична и непријателска кон секој што не се вклопува во нејзиниот калап“, порача Ајарва.

Ден претходно, таа најави вакво нешто со тоа што напиша и некој убав збор за тенисот. Нагласи дека тој ја научил како да се однесува кон семејството, своето тело, здравјето, а ја научил и на големи вредности. Сепак, на крајот додаде дека тенисот и бил како токсично момче затоа што постојано му се враќала и дека не е сигурна дали повторно би поминала низ истото.

фото: EPA photo