Охрид ја продолжува европската епизода, крај езерото гостува Дукла Прага
Охрид по враќањето од паузата на теренот и победите во вториот дел од сезоната само ја подобрија атмосферата, а исто така тимот и се засели со ракометари како Борозан, Ќосевски и Прибетиќ.
Натпреварот македонскиот суперлигаш го игра од 18:00 часот, додека реваншот е закажан за седум дена. Поради европскиот настап на Охрид одложен е и нивниот денешен дуел кој требаше да го играат против Бутел, истиот е поместен за в среда.
„ГРК Охрид денеска го игра првиот натпревар од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага. Преостанатите карти за мечот можат да се набават на билерата при СРЦ "Билјанини извори" од 13 часот“, порачаа од Охрид.
Ќе потсетиме, трофејот во ова натпреварување лани го освои Алкалоид по случувањата со АЕК во финалето.