Легендарниот Крис Пол стави крај на НБА кариерата!
Планот на 40-годишниот Пол беше да оди во спортска пензија по крајот на оваа сезона, но беше отпуштен од Торонто Репторс, па го искористи моментот предвреме да ја заврши кариерата.
Низ годините Крис Пол настапуваше за Њу Орлеанс, ЛА Клиперс, Хјустон, Оклахома, Феникс, Голден Стејт и Сан Антонио.
Одигра 21 сезона во НБА лигата, 12 пати беше дел од Ол-стар натпреварите, 11 пати беше дел од идеалниот тим на сезоната во НБА лигата, а деветпати од најдобрите дефанзивци.
Аналитичарите го вбројуваат меѓу најдобрите 75 кошаркари во историјата на НБА лигата.