Магија на Димитријевиќ што можеше да му донесе победа на Баерн (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона и малку недостасуваше да биде херој на Баерн во дуелот со Макаби.

Не само што оствари дабл дабл, туку во финишот успеа да го донесе својот тим во водство на девет секунди пред крајот. Откако одлично се ослободи од еден противнички играч, тој се крена на тројка и погоди, а притоа беше фаулиран. Македонскиот репрезентативец потоа го погоди и слободното фрлање за водство од 99-98, но Баерн, сепак, не успеа да го задржи.

Макаби израмни на две секунди пред крајот, а потоа дојде до победата во дополнителните пет минути.