Студен туш за Арсенал - кикс кој ја вжештува борбата за титулата (ВИДЕО)
Бледите „топчии“ буквално го преспаа првото полувреме и беа во подредена улога во вториот дел, па можат да бидат и задоволни од конечниот исход бидејќи само најдобриот играч на Брентфорд, Игор Тијаго имаше три изгледни шанси да го отвори резултатот. Сепак, тоа го направи Мадуеке во 61. минута за десетина минути подоцна Луис Потер да израмни и практично да го постави конечниот резултат.
Сега Арсенал има „само“ четири бода повеќе од Манчестер Сити кој во следниот период има релативно лесен распоред и може да го зголеми притисокот врз лидерот на табелата.