Словенија ни е „пациент“, Шкотска еднаш ја победивме, со Швајцарија играме првпат!

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби противниците за новото издание од Лигата на нации, од Словенија сме подобри во меѓусебните дуели, од Шкотска сме полоши, а првпат ќе играме против Швајцарија.

Македонија првпат ќе игра на второто ниво од Лигата на нации, а тоа ни донесе и подобри противници, Шкотска, Словенија и Швајцарија се подобро рангирани од нас.

Иако Словенија е подобро рангирана од нас, со нив имаме позитивна статистика. Сме одиграле седум меча, сме победиле дури четирипати, две средби завршиле нерешено, имаме само еден пораз.

Против Словенците го одигравме и првиот официјален меч кога како гости ги совладавме со 4-1.

Словенија - Македонија 1-4 1993
Македонија - Словенија 2-0 1994
Македонија - Словенија 3-2 2012
Словенија - Македонија 1-0 2016
Словенија - Македонија 1-1 2019
Македонија - Словенија 2-1 2019
Македонија - Словенија 1-1 2021

Со Шкотска имаме одиграно четири натпревари, еднаш ги победивме, славевме со 1-0 со гол на Илчо Наумоски. Имаме два порази од нив и еднаш сме одиграле нерешено.

Македонија - Шкотска 1-0 2008
Шкотска - Македонија 2-0 2009
Шкотска - Македонија 1-1 2012
Македонија - Шкотска 1-2 2013

Швајцарија е една од ретките репрезентации во Европа со кои досега не сме се сретнале.