Не им требаше многу: Николов и Велковски стрелаа на дебито по кам-бекот во Вардар! (ВИДЕО)

Бобан Николов и Дарко Велковски уште во првиот натпревар покажаа дека ќе бидат големи засилувања за Вардар и стрелаа во дуелот против Арсими.

Николов беше стрелец за водство од 2-0 против Арсими откако Омерагиќ со глава префрли зад одбраната на гостите од Чегране. Претходно резултатот го отвори засилувањето од Србија, Стефан Цветковиќ.

Велковски беше тој кој се погрижи за 3-0 и тоа во 34. минута по еден корнер.