Страшна повреда: Сноубордер скршил врат на Олимписките игри!

Австралискиот сноубордер, Камерон Болтон доживеа сериозна повреда за време на тренинг на Зимските олимписки игри, откако при пад го скршил вратот.

Поради тежината на повредата, со хеликоптер бил итно пренесен во болница во Милано. Инцидентот се случил за време на тренинг во дисциплината сноуборд крос во Ливињо.

Иако веднаш по падот успеал сам да ја напушти патеката, следното утро се разбудил со силни болки во вратот. Дополнителните лекарски прегледи откриле две фрактури, по што било одлучено да биде итно транспортиран на понатамошно лекување.

„Кем сакаше неговите сонародници да знаат што се случува и дека е добро и згрижен на најдобар можен начин. Свесен е колку сериозно пристапуваме кон неговата состојба и комуникацијата беше одлична. Горда сум на нивото на грижа што го добива“, изјави Алиса Кемплин од Австралискиот олимписки комитет.

Болтон минатата година заедно со Миа Клифт освои сребрен медал во мешаната екипна конкуренција во сноуборд крос на Светското првенство.