Ѓоковиќ ги разочара фановите - откажа настап на турнир каде што често настапуваше!

Новак Ѓоковиќ по настапот во финалето на Австралија опен нема да се врати на терените ниту во февруари откако го откажа настапот на турнирот во Доха. 

Ѓоковиќ пред десетина дена пропушти голема шанса да стигне до својот 25. гренд слем трофеј, откако беше поразен од Карлос Алкараз, но и самиот пласман во финалето во оваа фаза од неговата кариера претставуваше сериозен подвиг.

Сепак веројатно цената која ја плати за таквиот настап е откажувањето на овој турнир каде што често беше учесник, а оваа година ќе настапат и Алкараз и Синер.

Интересно е што Ѓоковиќ пред година и пол потпиша договор со „Катар ервејс“, често присуствуваше на настани во Доха, па неговото отсуство од изненади дел од јавноста во оваа земја.

Според најавите, Ѓоковиќ повторно на терените можеме да го очекуваме следниот месец кога на распоредот е Индијан Велс.