Не им требаше многу: Николов и Велковски стрелаа на дебито по кам-бекот во Вардар! (ВИДЕО)
Николов беше стрелец за водство од 2-0 против Арсими откако Омерагиќ со глава префрли зад одбраната на гостите од Чегране. Претходно резултатот го отвори засилувањето од Србија, Стефан Цветковиќ.
Велковски беше тој кој се погрижи за 3-0 и тоа во 34. минута по еден корнер.