Словенечка легенда „распали“ поради условите на ЗОИ (ФОТО)

Трикратниот освојувач на олимписки медали, словенечкиот сноубордер Жан Кошир настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Италија, па јавно ги критикуваше условите кои ги имаат спортистите за време на престојот.

Споубордерот го заврши натпреварувањето во паралелен слалом порано од очекувањата, а незадоволството го искажа јавно на прес-конференција за медиумите и „удри“ по Сојузот на Словенија.

Освен критиките за финансискиот и организацискиот аспект, Кошир се пожали и на условите на сместувањето на ЗОИ. Тој објави фотографија и кажа дека нема повеќе да учествува на натпреварувањата доколку ситуацијата не се промени.

Фото: EPA