Капитенот на ТФТ се пожали пред Купот: Тешко ни е – две години не сум земал плата!
Составот од скопската населба Тафталиџе има само еден пораз досега во Супер лигата и веќе обезбедено место во плејофот во АБА2, но и покрај тоа капитенот Едис Нури се пожали на денешната прес-конференција во Куманово.
„Среќен сум што завршницата е надвор од Скопје, што продолжува со децентрализација на кошарката. Куманово има феноменална публика, која ја паметам и по добро и по лошо. Нашиот клуб е во лоша состојба, претпоставувам како најголемиот број други екипи. Тешко ни е во клубот, последната плата ја земав пред две години. Според мене е и срамно дека како клуб од Карпош играме во Маџари, но што е тоа е. Ова не значи дека нема да пробаме да стигнеме до трофејот“, изјави Нури, делумно на шега со оглед што неговиот тренер, Боро Смилковски, се смееше додека зборуваше.
Смилковски зборуваше само за спортскиот дел, односно не го прифати обидот на својот кошаркар да ги „успие“ потенцијалните ривали за првиот трофеј сезонава во македонската кошарка.
„Ова е елиминациски турнир на кој ти требаат три победи да дојдеш до целта. Исклучително исцрпувачки за сите, но минатата недела игравме три средби во пет дена како своевидна подготовка за пеколниот ритам. Ние ќе сториме се за да дојдеме до завршницата, па зошто и да не се бориме за трофејот“, изјави Смилковски.
ТФТ веќе има еден куп-пехар во клупските простории и тоа освен во 2022 година на турнирот во СРЦ „Кале“.