Без голови во Кратово, Силекс и Башкими ремизираа

Eкипите на Силекс и Башкими ремизираа 0-0 во вториот денешен натпревар во рамките од 17-коло во Првата лига.

Првото полувреме не донесе премногу шанси на двете страни, Башкими беше нешто подобар, но не успеаваше да создаде посериозни прилики за гол.

Не се промени многу сликата и во вториот дел, па така и резултатот на крајот остана почетниот.

Силекс по ова реми дојде до 32 бода и се наоѓа на четвртата позиција, додека Башкими е петти со девет бода помалку.

Денес претходно, ќе потсетиме Вардар славеше убедливо над Арсими со 5-1.