„Три од три“ за чудесниот Фрањо во Кортина!

Фантастичниот швајцарски скијач Фрањо вон Алмен испиша историја на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, освојувајќи го и третото злато од исто толку настапи.

Вон Алмен денеска триумфираше во дисциплината Супер-Џи со време од 1:25.32 минути, што беше за 13 стотинки побрзо од Американецот Рајан Кохран-Сигел, кој се закити со среброто. Бронзениот медал му припадна на неговиот сонародник Марко Одермат, со заостанување од 28 стотинки.

Со само 24 години, швајцарскиот ас ги заврши Игрите со максимален учинок, три трки, три златни медали. Покрај денешниот триумф во Супер-Џи, тој славеше и во спуст, како и во екипната комбинација заедно со Неф, комплетирајќи го неговиот фантастичен настап.