Ноќта во НБА беше зачинета со - масовна тепачка! (ВИДЕО)
Детроит со 110-104 го победи Шарлот на негов терен, но она за кое се зборува беше големиот инцидент кој се случи по пет минути игра во третиот период.
Дурен беше фаулиран од Диабате по што следуваше дуел меѓу двајцата, на почетокот беше мек, само се допреа со главите, но потоа почна масовна тепачка откако Џален Дурен го удри Диабате по лицето. Беа вклучени речиси сите кошаркари на двете страни и лицата од клупата.
Откако се смири ситуацијата, судиите по прегледувањето на снимките почнаа да ги делат казните. Диабате и Бриџис беа исклучено од Шарлот, а Дурен и Стјуарт од Детроит.
Што се однесува до нормалните работи од натпреварот, Канингем од Детроит беше најдобар со 33 поени, имаше и девет скокови и седум асистенции, кај Шарлот најефикасен беше Милер со 24 поени.
Резултати:
Шарлот - Детроит 104-110
Бруклин - Чикаго 123-115
Мајами - Јута 111-115
Орландо - Милвоки 118-99
Минесота - Атланта 138-116
Њу Орлеанс - Сакраменто 120-94
Денвер - Кливленд 117-119
Голден стејт - Мемфис 114-113
ЛА Лејкерс - Оклахома 110-119
Портланд - Филаделфија 135-118