Добра вест за Осогово - нов спонзор влезе во клубот! (ФОТО)
Клубот од Кочани преку социјалните мрежи потврди дека потпишале договор со компанијата „КБ Инвест АД Скопје“ чие име ќе стои на дресот на македонскиот второлигаш.
Со новиот дрес Осогово веќе го одигра натпреварот против Вардар кој имаше хуманитарен карактер и ќе биде користен во продолжение од сезоната.
По 15 кола во Втората лига Осогово се наоѓа на средина на табелата на осмата позиција со 24 бода и тешко може да се очекува дека во продолжение ќе се вмеша во битката за промоција. Сепак, сигурно дека новото спонзорство може да придонесе за сигурност на клубот.
Инаку, на споменатиот натпревар во Кочани и Вардар исто така за првпат излезе со нов спонзор на својот дрес (ТУКА).