Вардар со нов спонзор на дресот - мултимилионска корпорација од Унгарија!
Станува збор за компанијата „Белфри“од Унгарија која вчера за првпат се појави на дресот на вардарци. „Белфри“ е градежна компанија која што се занимава со инфраструктурни и градежни услуги со фокус на целиот циклус од изградба, одржување и развој на инфраструктурата.
Тие работат на проекти поврзани со сообраќајно инженерство, одржување на патишта, инфраструктурни системи, производството на елементи како бетонски делови, но и други градежни услуги во јавниот и приватниот сектор.

Според информациите на социјалните мрежи заедно со своите подржуници и компаниите во Централна Европа вкупно бројат околу 500 вработени.
Целта на компанијата е да понуди иновативни, дигитализирани и ефикасни решенија за инфраструктурни потреби со еколошки и технолошки модерен пристап.
Нема дилеми дека станува збор за голема компанија која сигурно носи дополнителна финансиска стабилност во редовите на најтрофејниот македонски клуб кој во актуелната сезона има за цел да дојде до двојна круна.
По првиот дел од сезоната, Вардар е лидер на табелата со 42 бода, Струга е второпласирана со 41, а потоа следи Шкендија (36), па Силекс (31)...