Македонски рецепт: Мбапе со извршители ќе си го наплаќа долгот од ПСЖ!
Причината е неисплатен дел од вкупните побарувања на Мбапе, кои изнесуваат 60,9 милиони евра. Иако поголемиот дел е пресуден во негова корист, парискиот клуб сè уште му должи 5,9 милиони евра за неискористен годишен одмор. Судските извршители му доставиле на ПСЖ налог за итна исплата на оваа сума. Доколку клубот не постапи по решението, судот може во рок од осум дена да наложи заплена на имот. Воедно, адвокатскиот тим на капитенот на француската репрезентација има право директно да ја наплати сумата од сметките на ПСЖ. Клубот има рок до 19 февруари да поднесе официјален приговор.
Француската професионална фудбалска лига уште во 2024 година го задолжи ПСЖ да му исплати на Мбапе 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси. Во декември 2025 година, Судот за работни спорови во Париз ја зголеми сумата на 60,9 милиони евра, вклучувајќи ги и надоместоците за одмор, а сите контра-барања на клубот беа одбиени.