Лудило во Германија: Прво изгубија 5-4, па го победија истиот тим со истиот резултат!

Германците се познати по ефикасноста, а два неверојатни натпревари сезонава во втората Бундеслига одиграа Магдебург и Гројтер Фурт.

Гројтер Фурт во првиот дел од сезоната на натпреварот одигран во Магдебург, славеше со неверојатни 5-4, а победничкиот гол го постигна Марко Џон во осмата минута од судиското надополнување.

Таму каде што застанаа на 31 август минатата година, двата тима продолжија во вчера вечер сега на натпревар на кој Гројтер Фурт беше домаќин. И овој пат победи гостинскиот тим и тоа повторно со идентични 5-4!

На полувреме резултатот беше неверојатни 5-3. Гројтер Фирт поведе уште во осмата минута, но Магдебург направи спектакуларен пресврт и веќе во 33. минута водеше со 5-1.

Домашните успеаја да се вратат во живот и постигнаа три погодоци, но не и да стигнат до израмнување. Навистина не се памети кога претходно во некоја лига две екипи одиграле два натпревари со идентичен резултат со толку многу постигнати голови.