Сити лесно се справи со Њукасл, ќе игра финале против Арсенал! (ВИДЕО)
Тимот на Пеп Гвардиола мечот го почна со предност од 2-0 која ја стекна на гостувањето на Сент Џејмс Парк во првиот меч против Њукасл.
Сега прашањето околу патникот во финалето го реши уште во првото полувреме по кое водеше со 3-0 со два гола на Мармуш и еден на Рејндерс.
До крајот на мечот Њукасл успеа само да постигна почесен гол преку Еланга во 62. минута.
Манчестер Сити за трофејот од Лига купот ќе се бори против Арсенал кој во полуфиналната пресметка беше подобар од Челси.