ТФТ го прегази Студент, броеше и над „стотка“ (ФОТО)
Гостите од БиХ денеска немаа апсолутно никаква шанса и освен почетните 7-0 во продолжение натпреварот комплетно помина во знакот на македонскиот претставник. По тоа водство од 7-0 на Студент следуваше серија од 18-0 на ТФТ со што многу рано стигнаа до двоцифрена предност која ретко ја испуштаа.


Победата на ТФТ беше најавена уште по првото полувреме по кое имаа предност од 50-32. Сликата на теренот не се промени ниту по враќањето на кошаркарите од паузата, па така прашање беше само колу убедливо ТФТ ќе слави, а на крајот тоа беше со убедливи 28 поени разлика.
Гордон го предводеше ТФТ со 24 поени, четири скока и една асистенција, Стенли уфрли 17, а Ташовски броеше до 16. На спротивната страна се издвои Хреља со 17 поени, пет скока и три асистенции.


