Бразилски клуб го повика Винисиус да се врати во татковината

Бразилецот Винисиус Жуниор има договор со Реал Мадрид до 2027 година, по што планира да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, а една од опциите за иднината му е враќање во Фламенго.

Спортскиот директор на Фламенго, Хозе Бото јавно кажа дека сака да го врати Винисиус во татковината.

„Договорот на Винисиус завршува наскоро. Нашата врата за него е отворена, сè зависи од Вини. Секако дека ќе зборуваме кога му завршува договорот“, кажа Бото.

Винисиус ја почна младинската кариера во Фламенго, по што играше и за првиот тим во сезоната 2017/18, по што потпиша за „кралевите“.