Канте добро го наплатил враќањето во Европа - ќе заработи богатство Истанбул!
Трансферот на Французинот беше на работ да пропадне поради доцнење на документацијата, но на крајот ФИФА дозволи да се заврши по крајот на преодниот рок. Канте само за потписот гигантот од Истанбул добил 14.4 милиони ебра, а до крајот на сезоната како плата ќе добие уште 5.5 милиони евра.
За наредните две сезони бидејќи договорот му е до 2028 платата во Истанбул ќе му изнесува 11 милиони евра по сезона.
Канте кој важи и за еден најскромните фудбалери низ кариерата настапуваше уште за: Каен, Лестер, Челси и Булоњ каде што ја почна кариерата. Дресот на репрезентацијата на Франција го носеше на 65 натпревари.