Кошаркарите на ТФТ славеа победа од 107-79 против босански Студент во денешниот натпревар од 7. коло во АБА 2 лигата и така направија голем чекор во битката за место во плеј-офот за пласман во елитниот ранг во регионот.

Гостите од БиХ денеска немаа апсолутно никаква шанса и освен почетните 7-0 во продолжение натпреварот комплетно помина во знакот на македонскиот претставник. По тоа водство од 7-0 на Студент следуваше серија од 18-0 на ТФТ со што многу рано стигнаа до двоцифрена предност која ретко ја испуштаа.

Победата на ТФТ беше најавена уште по првото полувреме по кое имаа предност од 50-32. Сликата на теренот не се промени ниту по враќањето на кошаркарите од паузата, па така прашање беше само колу убедливо ТФТ ќе слави, а на крајот тоа беше со убедливи 28 поени разлика.

Гордон го предводеше ТФТ со 24 поени, четири скока и една асистенција, Стенли уфрли 17, а Ташовски броеше до 16. На спротивната страна се издвои Хреља со 17 поени, пет скока и три асистенции.