Ливерпул на сериозен тест, пристигнува астрономска понуда за Салах?

Според последните информации Ливерпул наскоро би можел да добие астроноска понуда за Салах од саудискиот Ал Итихад која тешко би ја одбил .

Заминувањето на Карим Бензема од Ал-Иттихад во Ал-Хилал на последниот ден од трансфер прозорецот го стави Салах на врвот на листата желби на саудискиот клуб, што би можело да ги стави сопствениците на Ливерпул пред тешка одлука.

Иднината на Салах во Ливерпул стана неизвесна по јавниот конфликт со тренерот Арне Слот, поради кој Египетанецот на почетокот на декември три натпревари по ред ги помина на клупата.

Двојката наводно ги решиле несогласувањата, но прашањата за неговиот статус остануваат отворени, особено поради падот на формата, бидејќи од 1 ноември Салај постигна само еден гол за Ливерпул. Ал-Иттихад наводно ја следи ситуацијата и сега е подготвен да го тестира Ливерпул со понуда која би им дала на сопствениците сериозен мотив да размислуваат за продажба.

Салах ќе влезе во последната година од договорот ова лето и во јули ќе наполни 34 години, па искушението да се наплати еден од најдобрите играчи на Премиер лигата би можело да биде премногу големо.

Инаку, навивачите на Ливерпул имаат поделено мислење кога во прашање е заминувањето на Салах ова лето, дел сметаат дека треба да биде продаден, додека други мислат дека треба да го задржат до истекот на договорот.