Работнички и Куманово ја продолжија лузерската низа, Кожув протатна низ Гостивар!
Кумановци на гости кај Феникс беа поразени во еден неизесен натпревар во кој и двете екипи се менуваа во водството. Гостите имаа и предност се до последните минути, но тогаш како да загубија сили, па домаќините во драматична завршница дојдоа до триумф од 86-84.
Работнички пак во својот натпревар во Кавадарци забележа пораз од 85-74.
Добро тргнаа гостите од Скопје, но таа добра игра беше само во првата четвртина, Тиквеш во продолжение го контролираше натпреварот. Веќе до полувремето домашните кошаркари направија пресврт и си обезбедија предност од 15 поени разлика (47-32).
До крајот Работнички се обиде да се врати во последниот период, меѓутоа не успеа, па Тиквеш стигна до шестиот триумф во првенството.
И за Работнички и за Куманово ова беше трет пораз од почетокот на новата година.
Шампионот МЗТ Скопје немаше проблеми и во ова коло па славеше сигурен триумф против Ангели со 95-74, а триумф во последниот натпревар денеска забележа и Кожуф над Гостивар со 73-57.