Јувентус не сака ништо да ризикува, Јилдиз станува најплатен во тимот?
Според италијанските медиуми, тоа ќе му донесе значително зголемување на платата кое ќе одговара на неговиот статус во тимот.
Турскиот напаѓач моментално има договор до летото 2029 година, но Јувентус сака да го награди за одличните настапи и да го осигура во составот. Откако се појави на големата сцена во 2023 година, Јилдиз привлече интерес од бројни клубови.
Поради тоа, „бјанконерите“ планираат да му понудат подобрени услови за да го задржат на „Алијанц Стедиум“ во годините кои следуваат. Неговата сегашна плата е околу 1,7 милиони евра по сезона, што не го сместува меѓу 15-те најплатени фудбалери во соблекувалната.
Новото зголемување би му донело годишна плата од околу шест милиони евра. Се шпекулира дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, можеби и најплатениот играч во тимот, доколку Душан Влаховиќ биде продаден ова лето нешто кое се најавува дека ќе се случи.
Италијанските медиуми јавуваат дека преговарачките страни финализираат последни детали, а потпишувањето на новиот договор се смета за сигурно. Се очекува договорот да биде завршен до крајот на оваа недела.