Италијанците спречиле голем скандал пред отворањето на ЗОИ - вмешана била Москва?!

Зимските Олимписки игри во Италија почнуваат за два дена, а пред самото отворање од Италија пристигнуваат вести дека е спречен сериозен сајбер напад со кој наводно поврзана е Москва.

Имено, дигиталните напади биле насочени кон објекти на италијанското Министерство за надворешни работи, вклучително и амбасадата во Вашингтон, како и кон сајтови поврзани со Зимските олимписки игри и хотели во Кортина.

Информацијата ја потврди и министерот за надворешни работи, Антонио Тајани, кој додаде дека овие акции биле од руско потекло.

Зимските олимписки игри треба да започнат за два дена и церемонијата на отворање е закажана за петок. Исто така, украдени се имињата и е-пошта адресите на вработените во Министерството за одбрана, кои потоа биле објавени на „dark web“.

Сајбер криминалците до овие бази на податоци стигнале преку хакирање на изведувачот кој го користи Министерството за одбрана за одржување и градежни работи.