Шокантно признание на Ибрахимовиќ: Сакав да играм за Хрватска
Водителот Славен Билиќ го праша дали има контакти со Босанската фудбалска федерација со оглед на тоа што таткото на Златан, Шефик, е од Бјелина, а дека неговата мајка Јурка е од Задар. Значи, покрај Шведска, Ибрахимовиќ можеше да игра за Босна и Херцеговина, но и за Хрватска. Интересно е што никогаш немало конкретни дискусии на оваа тема.
„Имав пасош од Босна и Херцеговина и Шведска, но ја избрав Шведска. Никој конкретно не ме праша. Имаше разговори, но ништо конкретно.
Би играл за Босна и Херцеговина или Хрватска доколку имаа шанса да освојат Европско или Светско првенство. Ако требаше да бирам помеѓу Босна и Хрватска, Хрватска имаше повеќе шанси. На Хрватска ѝ недостасуваше добар напаѓач, но никогаш немаше конкретни контакти“, заклучи Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ, сепак, ја избра Шведска и имаше вкупно 122 настапа за репрезентацијата на оваа земја со постигнати 66 гола кои и денес се рекорд. Додека тој беше активен играч, Хрватска еднаш стигна до финалето на Светското првенство, во 2018 година и прашање е што би се случило ако тој го носеше дресот на „коцкестите“.