Ѓоковиќ доби совет да се откаже од Ролан Гарос и да игра само на Вимблдон

Поранешниот тенисер Грег Руседски го советува најдобриот српски играч во историјата, Новак Ѓоковиќ да не настапи на Ролан Гарос, туку енергијата да ја насочи кон Вимблдон.

Руседски смета дека Ѓоковиќ треба добро да се подготви за Вимблдон, каде што традиционално игра добро и има шанса да се бори за 25. гренслем-титула.

„Мислам дека Ѓоковиќ треба да се откаже од Ролан Гарос и да се фокусира на Вимблдон. Замислете да игра вака добро и на Вимблдон. Имам чувство дека Ролан Гарос е надвор од негов дострел поради физичката игра“, кажа Руседски.