Ѓорческа за 76 минути ја мина првата пречка во Порто
Ѓорческа ја нападна Ин-Албон од самиот старт, а успеа да ѝ го одземе сервисот во шестиот и осмиот гем за победа од 6-2 во првиот сет.
Швајцарската тенисерка беше подобра на почетокот на вториот сет кога направи брејк за 2-1, но потоа Ѓорческа се реваншира и освои уште еден гем на противнички сервис за триумф од 6-3.
Македонката во осминафиналето ќе игра против победничката од мечот меѓу Мила Секеира и Мариана Шунк.