Премиерлигашка ѕвезда доаѓа во Скопје на мегдан со Шкендија?

Шкендија во плејофот на Конференциската лига ќе се соочи против турскиот тим Самсунспор, кој наскоро би можел да потпише со звучно засилување, односно со премиерлигашката ѕвезда Рахим Стерлинг кој пред неколку дена го прекина договорот со светскиот клупски шампион Челси.

Стерлинг веќе е во преговори со неколку екипи, меѓу кои беа Фулам, Вест хем и Унион Берлин, меѓутоа во последен момент се вклучи во трка турскиот клуб кој е сериозен во намерата да донесе големо засилување во пресрет на вториот дел од сезоната.

Самсунспор веќе има голем број странски имиња во екипата, но дефинитивно Стерлинг ќе биде „бомба“ која ќе ја стресе Турција, поради тоа што Англичанецот во кариерата играше за екипи како Ливерпул, Манчестер сити, Челси и Арсенал.

Првиот меч меѓу Шкендија и Самсунспор се игра во Скопје на 19 февруари од 21 часот, додека реваншот е седум дена подоцна во Турција од 18.45 часот.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club