Пуштени во продажба билетите за мечот меѓу Данска и Македонија во Копенхаген
Данска обезбеди 1.750 седишта за навивачите на Македонија, кои ќе може да си набават билети на блок Д1 по цена од 3.650 денари. Истата цена ќе важи и за шест позиции за лица со инвалидски колички.
Навивачите можат да си купат билети на веб-платформата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
„По извршување на купувањето, секој навивач најпрво ќе добие е-пошта со потврда за трансакцијата. Врз основа на таа потврда, ќе биде издаден официјалниот билет и испратен на е-поштата наведена при купувањето. Билетите се доставуваат електронски, преку е-пошта, и ќе пристигнат 14 дена пред одигрувањето на натпреварот“, соопштија од ФФМ.